Осигурително Брокерско Друштво
„АСУЦ Брокер“ - Скопје

Осигурување на домаќинства

Осигурувајќи го својот дом и предметите во него е една од подбрите инвестиции кои можете да ги направите. Со мала инвестиција може да обезбедете заштита и сигурност на домот и личните добра во него. Сумата на осигурување на градежните објекти е вредноста на самиот објект. Предметите во домаќинството се осигуруваат на сума во висина од 30% од нивната вредност.

Осигурувањето на домаќинства подразбира осигурување на:

  • станбени објекти, станови и индивидуални згради, како градежни објекти со вградената електрична, топловодна, водоводна и канализациона инсталација кои служат за живеење.
  • одговорност за штета причинета од и спрема трети лица.
  • предмети во домаќинството , предмети кои служат за уредување на станот и предмети за лична употреба, кои се наоѓаат во осигурениот станбен објект и му служат за користење на осигуреникот или членовите на неговото семејно домаќинство.
  • подмирување на трошоци за нужно сместување на осигуреникот и неговото семејство, кога станот е оштетен до степен да не е погоден за живеење.

Осигурувањето на домаќинства вклучува осигурување од следните основни опасности

  • пожар,
  • удар од гром,
  • експлозија, освеннуклеарнаексплозија и радиоактивнаконтаминација,
  • бура,
  • град,
  • поплава или потоп,
  • јавни манифестации и демонстрации,
  • излевање вода од водоводни и канализациони инсталации,
  • лизгање и одронување на земјиште,
  • снежна лавина,
  • провална кражба и разбојништво.