Осигурително Брокерско Друштво
„АСУЦ Брокер“ - Скопје

Осигурувањето од незгода

    Осигурувањето од незгода е доброволно осигурување на лица и се однесува на ризиците по здравјето и животот на човекот.

    Осигурувањето од незгода може да биде:

  • Индивидуално осигурување
  • Колективно осигурување
  • Колективното осигурување на работници од несреќен случај – незгода е наменето за сите одговорни правни субјекти на кои грижата за здравјето и доброто на своите вработени ја ставаат на прво место. Така се покриени трошоците кои би настанале доколку вработените на работното место при извршување на редовните работни задачи се здобијат со повреда, како и во останатите активности со кои се занимаваат во местото на живеење или при патување.

    За многу мали месечни износи на премија можете да се купи ова осигурување кое може да е во времетраење од 24 часа во денот, а може да важи и само во работно време.

    Можат да се осигураат и лица од 14 години до 70 години. Лицата кои се помлади од 14 год., а постари од 70 години, можат да се осигураат по посебни или дополнителните услови за осигурување од несреќен случај (незгода).

    Оваа полиса содржи осигурени ризици што како последица може да предизвикаат:

  • трошоци за дневен надомест,
  • трошоци за лекување,
  • траен инвалидитет и намалена работоспособност,
  • смрт од болест,
  • смрт од несреќен случај.