Осигурувајќи го својот дом и предметите во него е една од подбрите инвестиции кои можете да ги направите. Со мала инвестиција може да обезбедете заштита и сигурност на домот и личните добра во него. Сумата на осигурување на градежните објекти е вредноста на самиот објект. Предметите во домаќинството се осигуруваат на сума во висина од 30% од нивната вредност.
Осигурувањето на домаќинства подразбира осигурување на:
- станбени објекти, станови и индивидуални згради, како градежни објекти со вградената електрична, топловодна, водоводна и канализациона инсталација кои служат за живеење.
- одговорност за штета причинета од и спрема трети лица.
- предмети во домаќинството , предмети кои служат за уредување на станот и предмети за лична употреба, кои се наоѓаат во осигурениот станбен објект и му служат за користење на осигуреникот или членовите на неговото семејно домаќинство.
- подмирување на трошоци за нужно сместување на осигуреникот и неговото семејство, кога станот е оштетен до степен да не е погоден за живеење.
Осигурувањето на домаќинства вклучува осигурување од следните основни опасности
- пожар,
- удар од гром,
- експлозија, освеннуклеарнаексплозија и радиоактивнаконтаминација,
- бура,
- град,
- поплава или потоп,
- јавни манифестации и демонстрации,
- излевање вода од водоводни и канализациони инсталации,
- лизгање и одронување на земјиште,
- снежна лавина,
- провална кражба и разбојништво.