Доброволното здравствено осигурување е наменето за лица кои сакаат комплетна здравствена заштита и квалитетни здравствени услуги.
Лицата кои се здравствено осигурани преку државниот Фонд за здравство, покрај услугите од државните здравствени установи сега можат да користат услуги и во приватните болници и ординации.
Доброволното здравствено осигурување овозможува користење здравствени услуги во приватни здравствени установи со кои Винер Осигурување има склучено договор за соработка. Станува збор за водечки приватни клинички болници и специјалистички здравствени установи (Систина, Ре-Медика, Медика Плус), во кои нашите осигуреници можат да користат здравствени услуги, врз основа на полисата за доброволно здравствено осигурување и во согласност со условите на осигурувањето.
Во моментов Доброволното здравствено осигурување на Винер е достапно само за колективи, компании и институции чии вработени групно ќе се осигураат со овој тип осигурување.