При патување надвор од државата со сопствено возило, неопходно е за возилото да се обезбеди Зелен картон, кој всушност е територијално проширување на осигурувањето од автоодговорност во сите европски земји.
Зелениот картон е задолжителен тип на осигурување и гаранција дека во случај на штетен настан предизвикан со Вашето возило врз трето лице на територијата на земјата каде што се случила незгодата, штетата во Ваше име ќе ја надомести осигурителната компанија.
Тука спаѓаат:
Валидноста на Зелениот картон е поврзана со трајноста на полисата за автоодговорност. Односно, со истекот на полисата на автоодговорност, автоматски престанува и важноста на Зелениот картон.
Премијата (цената на осигурување) на полисата за Зелен картон кај патничките возила зависи од силината на моторот, а кај товарните возила таа е фиксна.
Возило | Цена |
---|---|
патнички возила до 66 KW – годишен | 3.690 ден. |
патнички возила над 66 KW – годишен | 5.536 ден. |
патнички возила до 66 KW – месечен | 1.850 ден. |
патнички возила над 66 KW – месечен | 3.075 ден. |
влечни возила, специјални возила, моторцикли, приклучни возила и работни возила | 5.536 ден. |
товарни возила и автобуси | 17.222 ден. |