Осигурително Брокерско Друштво
„АСУЦ Брокер“ - Скопје

Каско осигурување

    Полисата за регистрација се однесува само на возилото на оштетениот, но не и на возилото на причинителот. Токму тука доаѓа до израз важноста на Каско полисата.

    Каско осигурувањето се однесува исклучиво на вашето возило и ги покрива штетите настанати при сообраќајна незгода во која вие сте причинителот на штетата, како и штетите настанати поради временски непогоди, удар од предмет и злонамерни постапки како кражба или намерно оштетување.

    ВИДОВИ НА КАСКО ОСИГУРУВАЊЕ:

  • Потполно Каско без вклучен ризик од кражба,
  • потполно Каско со вклучен ризик од кражба,
  • Каско осигурување без франшиза,
  • Каско осигурувањесофраншизаод 100, 200, 300, 400 и 500 евра.
  • Во зависност од видот на пакетот којшто ќе го изберете, можете да го заштитите Вашето возило од уништување или оштетување од следните ризици:

  • сообраќајна незгода,
  • временски непогоди (невреме, град, снежна лавина),
  • ненадејно надворешно термичко или хемиско дејство,
  • пожар, удар од гром, експлозија,
  • кражба, против правно одземање и разбојништво,
  • злонамерни постапки.
  • оштетување на тапацирот при давање помош на повредени лица,
  • манифестации и демонстрации,
  • пад или удар на некој предмет врз возилото,
  • намерно предизвикување штета со цел да се спречи поголема штета,
  • паѓање на воздушни летала,
  • земјотрес,
  • поплава, порој и восоки води.