Осигурувањето од незгода е доброволно осигурување на лица и се однесува на ризиците по здравјето и животот на човекот.
Колективното осигурување на работници од несреќен случај – незгода е наменето за сите одговорни правни субјекти на кои грижата за здравјето и доброто на своите вработени ја ставаат на прво место. Така се покриени трошоците кои би настанале доколку вработените на работното место при извршување на редовните работни задачи се здобијат со повреда, како и во останатите активности со кои се занимаваат во местото на живеење или при патување.
За многу мали месечни износи на премија можете да се купи ова осигурување кое може да е во времетраење од 24 часа во денот, а може да важи и само во работно време.
Можат да се осигураат и лица од 14 години до 70 години. Лицата кои се помлади од 14 год., а постари од 70 години, можат да се осигураат по посебни или дополнителните услови за осигурување од несреќен случај (незгода).