Осигурувањето на имотот подразбира осигурување на:
- семејна куќа, стан, помошни објекти, економски објекти, викенд куќа, подни и ѕидни облоги, стаклани врати и прозори, вградени инсталации, котли и вградени печки, бојлери и санитарни уреди во тие објекти
- објекти во изградба и објекти и опрема во монтажа (целиот материјал, опрема и сите работи на објектот во изградба и машини, уреди и инсталации кои се монтираат)
- предмети од домаќинство, пари и скапоцености, уметнички предмети и сл.
- машини, опрема, залихи и пари.
Осигурувањето на имотот вклучува осигурување од следните основни опасности (ризици):
- пожар,
- удар од гром,
- експлозија, освеннуклеарнаексплозија и радиоактивнаконтаминација,
- бура,
- град,
- поплава или потоп,
- јавни манифестации и демонстрации,
- излевање вода од водоводни и канализациони инсталации,
- лизгање и одронување на земјиште,
- снежна лавина,
- провална кражба и разбојништво.